Новости

12.01.2018

Volvo XC60 е најбезбедниот автомобил за 2017 година според Euro NCAP

Volvo XC60 е прогласен за возило со најдобри перфоманси во класата на големи теренски возила, како и за автомобил со најдобри целокупни перформанси за 2017 година во рамки на престижните Euro NCAP 2017 награди за безбедност.

Volvo XC60 постигна речиси совршени 98 проценти во Adult Occupant категоријата, како и во својата класа на големи теренски возила, покажувајќи јасна предност во асистенцијата за безбедност со резултат од 95 проценти, што е за 20 процентни поени повисок резултат од најблискиот голем Off-Road конкурент - потенцирајќи ја позицијата на Volvo како лидер во безбедноста во автомобилската индустрија.

"Новиот XC60 е еден од најбезбедните направени автомобили на Volvo", рече Малин Екхолм, потпретседател на Центарот за безбедност на Volvo Cars. "Тој е целосно исполнет со нова технологија за да им помогне на возачите, да ја помогне заштитата на патниците и другите учесници во сообраќајот, како што се пешаците и велосипедистите, како и да ги ублажи ризиците од судир. Горди сме што нашата континуирана заложба за иновација на нови безбедносни карактеристики е препознаена од страна на Euro NCAP преку наградата за Најдобар во Класата доделена на Volvo".
 
Наградата на Euro NCAP за XC60 ги следи стапките на Volvo XC90, кој во 2015 година беше прогласен за возило со најдобри перформанси во класата на големи теренски возила, како и за возило со најдобри вкупни перформанси за таа година. Volvo V40 е уште еден претходен победник на Euro NCAP во класата на мали семејни автомобили.
 
"Нашата визија е дека до 2020 година никој не ма да загине или сериозно да биде повреден во новиот Volvo автомобил", рече Малин Екхолм. "Достигнувањата на XC60 се примери за нашата посветеност на развојот на најновите системи за безбедност и поддршка, што е всушност и нашата визија кон која се стремиме".
 
На Volvo XC60, исто така, му се приклучија и моделите S90 и V90, во креирањето историја за Volvo Cars како прв производител кој ги има привте топ 3 рангови на автомобили тестирани преку трите теста на Euro NCAP за Автоматско итно сопирање (Emergency Braking – AEB) - AEB City, AEB Inter-Urbanи AEB Pedestrian.

Трите Volvo автомобили се единствените автомобили кои постигнале совршени резултати во сите три категории на AEB.
 
И S90 и V90, исто така, постигнаа високо ниво на Euro NCAP 2017 наградите во категоријата „Најдобар во својата класа“, постигнувајќи 95 проценти во категоријата Adult Occupant и 93 проценти во Safety Assist категоријата.

Euro NCAP награда за Volvo XC60 следи откако тој беше именуван за јапонски автомобил за 2017/18 годинa. Автомобилот Volvo XC60, исто така, ја доби наградата од Car Tech 2017 на Велика Британија за најбезбеден автомобил, најдобра технологија за безбедност и најдобар Sat-Nav и беше прогласен за луксузен SUV на годината во наградите Professional Driver 2017 Car of the Year во Велика Британија за 2017 година. Volvo XC60 исто така беше именуван за еден од трите финалисти за наградата North American Utility of the Year од 2018 година, чиј победник ќе биде објавен на 15 јануари 2018 година.
 

 
Volvo XC60


Euro NCAP наградите

Секоја година, Euro NCAP објавува победник "најдобар во класата" со цел да покаже кои возила имаат подобри перформанси од нивните конкуренти лансирани истата календарска година, и тоа со помош на збир на бодови за точна споредба во секоја класа, во четири области на оценување: возрасни патници, деца патници, пешаци и помош за безбедност.