Новости

08.03.2018

Новото Volvo XC40 е прогласено за Европски Автомобил на Годината за 2018

Новото Volvo XC40 компактно SUV е прогласено за Европски Автомобил на Годината за 2018 пред саемот во Женева, Швајцарија. Ова е прва победа во ова престижно наградување за Volvo Cars, производителот на премиум автомобили.

 

"Добивањето на оваа награда со нашето ново XC40 е совршен тајминг", изјави Хакан Самуелсон, претседател и извршен директор на Volvo Cars. "Volvo сега има три глобално достапни SUV возила во својата палета за прв пат. XC40 ќе биде силен придонесувач за понатамошен раст, носејќи нè во новиот и брзо растечки мал SUV сегмент."

 

Победата на XC40 значи дека било кое од новите Volvo SUV се именувани Автомобил на Годината во Европа или Северна Америка. Поголемите XC90 и XC60 беа наградени со титулата Северноамерикански SUV за годината во изминатите две години.

 
Наградата "Европски автомобил на годината"
за 2018 година следи по неодамнешното признание за XC40, вклучувајќи ја и наградата "Автомобил на годината" од водечката автомобилска публикација од Обединето Кралство "What Car"?

 

XC40 поставува нови стандарди во својот сегмент во поглед на дизајнот, поврзувањето и безбедносната технологија. Предвремените нарачки во износ поголем од 20.000 автомобили низ Европа и САД укажуваат на тоа дека ова е привлечна комбинација за потрошувачите. XC40 наскоро ќе биде достапно и во Кина - најголемиот светски пазар за автомобили - каде што Volvo очекува сличен силен интерес.

 

XC40 е првиот модел создаден на новата компактна модуларна архитектура на возилата на Volvo Cars (CMA), која ќе ги поткрепи сите претстојни автомобили во Серијата 40, вклучувајќи ги и целосно електрифицираните возила. Развиен во соработка со Geely, CMA платформата ја обезбедува компанијата со потребните економии на обем за овој сегмент.

 

XC40 е, исто така, првото Volvo кое доаѓа со функција за споделување на автомобили, овозможена преку технологијата на Volvo со дигитални клучеви и платформата за поврзаност со услугите Volvo On Call. Сопствениците на XC40 можат едноставно да го споделуваат својот автомобил со семејството и пријателите, без да мора физички да го предадат клучот.

 

Безбедносните и помошните опции за возачот кај XC40 вклучуваат неколку системи: полуавтономен пилот, безбедност за возење низ град, систем за заштита и избегнување од излетување, систем за предупредување при навлагање во раскрсница со поддршка за автоматско сопирање и 360° камера која им помага на возачите да маневрираат со својот автомобил во тесни паркинг простори.
 

XC40, исто така, нуди генијален внатрешен дизајн и складишен простор со подобрена функционалност во вратите и под седиштата, посебен простор за телефони вклучувајќи индуктивно полнење, преклоплива кука за мали кеси, како и отстранлива корпа за отпадоци во средишната конзола.

 

Во 2017 година, компанијата ја објави својата заложба за електрификација на сите Volvo автомобили лансирани од 2019 година. Во согласност со оваа лидерска позиција во електрификација, хибридизирана, како и чисто електрична погонска опција за XC40 ќе бидат додадени подоцна.

 

"Имаме јасна стратегија за раст и ние сме посветени да водиме во автомобилската безбедност, услугите за поврзување и електрификација", изјави Хакан Самуелсон. "XC40 ја одразува таа заложба, и гледајќи го одзивот на нашите клиенти и од жирито на COTY тука денес, ние сме на вистинскиот пат".