Новости

17.06.2019

Volvo Cars и Varjo за првпат во светот лансираа апликација за мешана реалност за развој на автомобили

Иднината на развојот на автомобилите е тука: Volvo Cars и Varjo, финскиот производител на луксузни слушалки за проширена  реалност, за првпат во светот на мешана реалност создадоа пристап за проценка на прототипите, дизајните и активните безбедносни технологии.

Соработката ќе биде дополнително зајакната со одлуката на Volvo Cars Tech Fund да инвестира во Varjo. Volvo Cars Tech Fund е фонд за ризичен капитал на произведувачот на автомобили, кој инвестира во високопотенцијални технолошки стартапи.

 

Volvo Cars и Varjo за првпат овозможија при возењето вистински автомобил да се носат слушалки за мешана реалност, совршено додавајќи виртуелни елементи или комплетни карактеристики, кои изгледаат реално и за возачот и за сензорите на автомобилот, за развојни цели. Досега, ниту еден друг произведувач на автомобили не беше во можност да го стори тоа.

 

Слушалките Varjo XR-1, кои беа лансирани денес, обезбедуваат фотореалистичка мешана или виртуелна реалност со висока резолуција, подобра од што било достапно во моментов. Како таква, XR-1 може радикално да ги намали развојните временски рамки со создавање нова способност за оценување на карактеристиките и дизајните речиси веднаш.

 

Во споредба со неговиот претходник, XR-1 додава камери со висока дефиниција на слушалките и овозможува мешана реалност. Ова им овозможува на дизајнерите и на инженерите на Volvo Cars да ги „возат“ идните автомобили и да ги проценат сите карактеристики во симулациона средина многу години пред да постојат, овозможувајќи ѝ на компанијата да ги развие најбезбедните автомобили со најрафинираното можно корисничко искуство.

 

„Со овој мешан реален пристап можеме да почнеме да ги оценуваме дизајните и технологиите додека тие буквално се на таблата за цртање“, рече Хенрик Грин, главен службеник за технологија во Volvo Cars. „Наместо вообичаениот статичен начин за оценување нови производи и идеи, ние веднаш можеме да ги тестираме концептите на патот. Овој пристап нуди значителни потенцијални заштеди на трошоците преку идентификување на приоритетите и расчистување на тесните грла многу порано во процесите на дизајнирање и развој.“

 

XR-1, исто така, им овозможува на инженерите на Volvo Cars многу полесно да ги развиваат и оценуваат решенијата за активна безбедност. Експертите за безбедност можат да возат вистински автомобили додека ги носат слушалките XR-1 во истражувачките капацитети на Volvo во Шведска, тестирајќи ги виртуелните активни системи за безбедност со проширената реалност во амбиент на вистинскиот живот.

 

Високо прецизна технологија за следење на очите вградена во внатрешноста на XR-1 го олеснува проценувањето на тоа како возачите ја користат новата функционалност и дали се расеани на кој било начин. Овој технолошки базиран пристап за мерење на нивоата на расеаност овозможува Volvo Cars да развие нови функции без да предизвика дополнителна расеаност.

 

 

„Од самиот почеток, нашата визија беше да создадеме производ, кој лесно може да го спои реалното и виртуелното“, рече Нико Ејден, основач и извршен директор на Varjo. „Неверојатно напредните начини на кои Volvo Cars ги користи XR-1 покажува дека технологијата на Varjo им овозможува работи што претходно биле невозможни. Заедно со Volvo почнавме нова ера во професионалната мешана реалност“.

 

Volvo Cars е трагач во рамките на автомобилската индустрија, во користењето проширена и виртуелна реалност, во својот дизајн и развојна работа. Партнерството со Varjo е најновата и најнапредна манифестација на силната позиција на компанијата во оваа област. Volvo Cars верува во моќта на паметни партнерства со водечките технолошки компании за развој на следната генерација на технологии.

 

„Varjo е јасен лидер во својата област“, вели Заки Фашихудин, извршен директор на Volvo Cars Tech Fund. „Технологијата на компанијата ветува многу за иднината, но исто така нуди и јасни апликации веќе за Volvo Cars. Varjo е пример од учебник за тип на компании, какви што бараме да инвестираме во.“

 

Слушалките на Varjo XR-1 и примената на оваа технологија на Volvo Cars  се прикажани од денес на Светскиот саем за проширена реалност во Санта Клара, Калифорнија. Поднесено е барање за признавање патент за примената на технологијата.