Новости

17.06.2019

Volvo Cars и POC за првпат во светот развија шлем за тестирање судари на автомобил-велосипед

Volvo Cars, лидер во автомобилската безбедност, се здружи со врвната шведска спортска и безбедносна трговска марка POC и за првпат во светот направија серија тестирања на судари на велосипедски шлемови со автомобили, како дел од новиот пионерски истражувачки проект, кој има за цел дополнително да ги заштити велосипедистите.

 

Партнерството е последниот пример на водечката позиција на Volvo Cars, во развојот на безбедноста и неговата амбиција да ја подобри безбедноста на патиштата за сите преку соработка и пристап за размена на знаења.

 

Несреќите меѓу велосипеди и возила често може да доведат до сериозни повреди или до смрт, поради што Volvo Cars има јасна стратегија да ги избегне овие видови несреќи целосно, со помош на активни безбедносни технологии.

 

Забележувањето велосипедисти со целосната автоматска сопирачка ги користи камерите и радарите на автомобилот за откривање на велосипедистите, го предупредува возачот за непосреден судир и ги активира сопирачките ако се потребни понатамошни активности. Тоа е развојот на автоматското итно сопирање и системите за откривање пешаци на Volvo Cars, во согласност со неговата безбедносна визија.

 

Истражувачкиот проект на Volvo-POC се состои од голем број специјално дизајнирани тестови за судари во познатите истражувачки капацитети на Volvo Cars во Гетеборг, Шведска, и е дел од еден поширок истражувачки проект за разбирање на видовите на долготрајни повреди добиени кај велосипедисти.

 

За време на овие тестови, велосипедските шлемови на POC се носат на глави од кукли за тестирање судири, кои се монтирани на платформа за тестирање, од каде што се пуштаат кон различни делови од хаубата на статичниот Volvo автомобил, со различни брзини и агли за различни мерења.

 

Тестовите се засноваат на постоечките регулаторни тестни процедури за заштита на главата на пешакот. Ова им овозможува на Volvo Cars и на POC да направат директна споредба меѓу носењето и неносењето шлем.

 

Тековните процедури за тестирање на велосипедските шлемови се прилично елементарни, вклучувајќи фрлање шлемови од различни висини на рамна или на коса површина и не ги земаат предвид возилата при велосипедските несреќи. Проектот Volvo-POC има за цел понатамошно усовршување и унапредување на таквото тестирање.

 

 

Сознанијата од истражувачкиот проект ќе помогнат POC да ги направи своите шлемови побезбедни и позаштитени, во случај на несреќа меѓу автомобил и велосипед, додека тестовите, исто така, ќе обезбедат вредни увиди и сознанија за Volvo Cars за овие видови несреќи за иден развој.

 

„Овој проект со POC е добар пример за нашиот пионерски дух во безбедноста“, рече Малин Екхолм, шеф на Центарот за безбедност на Volvo Cars и еден од водечките инженери за безбедност на компанијата. „Често развиваме нови методи за тестирање за предизвикувачки сообраќајни сценарија. Нашата цел не е само да ги исполниме законските барања или да ги поминеме рејтинг-тестовите. Наместо тоа, ние одиме подалеку од рејтингот, користејќи реални сообраќајни ситуации за да развиеме технологија, која дополнително ја подобрува безбедноста“.

 

Со повеќе од 60 меѓународни награди за безбедност, иновации и дизајн, POC има изградено реноме за предизвикување на конвенционалната мудрост и гледање на новите истражувања, наука и иновации за да ги донесе новите начини на размислување за намалување на несреќите.

 

„Слично како Volvo Cars, безбедноста е во центарот на нашата мисија и ги води сите наши идеи и иновации“, вели Оскар Хус, шеф за развој на производи во POC. „Со тесна соработка со научните лидери во POC Lab, ние се стремиме да го водиме начинот на воведување нови безбедносни идеи. Стандардите за сертификати се суштински, но тие никогаш не треба да ја ограничуваат нашата подготвеност да гледаме подалеку од нивните параметри за да пронајдеме подобри и поиновативни начини за намалување на последиците од несреќите.“

 

Во последните години, Volvo Cars се фокусираше и на заштитата на луѓето надвор од своите автомобили. На пример, Volvo Cars почна со откривање на пешаците со целосна автоматска сопирачка во 2010 година и со откривање на велосипедистите со целосна автоматска сопирачка во 2013 година. И двете технологии се стандардни во сите автомобили на Volvo како дел од пакетот за градска безбедност City Safety и помогнаа да се подобри целокупната сообраќајна безбедност.

 

Во поранешна соработка, Volvo Cars и POC работеа на пилот проект за поврзување на велосипедските шлемови со автомобилите, со цел да се избегнат несреќи.

 

 

Белешки за уредниците

 

  • Овој истражувачки проект е дел од еден поширок проект за разбирање на видовите на долготрајни повреди добиени од велосипедистите и развивање на принципите за заштита на придобивките од безбедноста на сообраќајот на патиштата. Странките што се вклучени во поголемиот проект се Volvo Cars, POC, KTH Кралскиот институт за технологија, MIPS и Autoliv. Проектот е делумно финансиран од Vinnova. Сознанијата од овој истражувачки проект ќе бидат јавно достапни.
  • POC Lab е научен форум на POC, кој ги поврзува експертите од низа дисциплини и медицината за поддршка и советување на POC во осигурувањето дека она што се развива е најсигурната и напредна заштита на пазарот.

 

-------------------------------

 Volvo Car Group во 2018 година

Во финансиската 2018 година, Volvo Car Group оствари оперативен профит од 14,185 MSEK (14,061 MSEK in 2017). Приходите во текот на овој период изнесуваат 252,653 MSEK (208,646 MSEK). За целата 2018 година, глобалната продажба достигна рекордни 642.253 (571.577) автомобили, што претставува зголемување од 12,4 проценти наспроти 2017 година. Резултатите ја нагласуваат сеопфатната трансформација на финансиите и работењето на Volvo Cars во последните години, позиционирајќи ја компанијата за следната фаза на раст.

 

 

 

За Volvo Car Group

Volvo дејствува од 1927 година. Денес, Volvo Cars е еден од најпознатите и најпочитувани брендови во светот, со продажба на 642.253 автомобили во 2018 година во околу 100 земји. Volvo Cars е во сопственост на Zhejiang Geely Holding (Geely Holding) од Кина од 2010 година. Беше дел од шведската групација Volvo до 1999 година, кога компанијата беше купена од Ford Motor Company од САД. Во 2010 година, Volvo Cars беше купена од Geely Holding.

 

Во 2018 година, Volvo Cars имаше во просек околу 43.000 (39.500) вработени со полно работно време. Дирекцијата на Volvo Cars, одделот за развој, маркетинг и администрација воглавно се наоѓаат во Гетеборг, Шведска. Дирекцијата на Volvo Cars за Кина се наоѓа во Шангај. Главните фабрики за производство на автомобили се наоѓаат во Гетеборг (Шведска), Гент (Белгија), Јужна Каролина (САД), Ченгду и Даќин (Кина), додека моторите се произведуваат во Шкоде (Шведска) и Жангџаку (Кина) и компонентите во Олофстрём (Шведска).

 

 

За POC

Основан во 2005 година, POC е водечки производител на шлемови, очила, оклопи, облека и додатоци. Шведска компанија со силна мисија: „да ги заштити животите и да ги намали последиците од несреќите за спортисти или за кој било инспириран да биде спортист“. POC има освоено над 60 меѓународни награди за иновација, безбедност и заштита, вклучувајќи ја и престижната награда во велосипедската индустрија ‘Brand of the Year’. 

За повеќе информации, ве молиме посетете ја: www.pocsports.com