Новости

26.06.2019

Volvo Cars се приклучи на пионерскиот, пан-европски пилот-проект за споделување податоци за безбедноста

Volvo Cars ги здружи силите со други производители на автомобили, даватели на услуги и национални влади во пионерски пан-европски пилот-проект за споделување податоци за безбедноста на сообраќајот, генерирани од автомобилите и инфраструктурата, во интерес на побезбедни патишта за сите.

 

Пилот-проектот, кој е под капата на јавно-приватното партнерство наречено Европска работна група за податоци (European Data Task Force), ги спојува заедно некои од водечките европски производители на возила, даватели на услуги, како и голем број земји-членки на ЕУ.

 

Партнерите ќе споделуваат анонимни податоци за безбедноста или безбедносни услуги врз основа на тие податоци со пилот-проектот преку облак-базирана платформа. Volvo Cars ќе придонесе за пилот-проектот, преку обезбедување податоци во реално време од своите први во индустријата поврзани безбедносни технологии, Светлосниот сигнал за опасност (Hazard Light Alert) и Сигналот за лизгав пат (Slippery Road Alert).

 

На пример, производителите на автомобили што учествуваат во пилот-проектот може да ги користат податоците за да ги предупредат возачите за можните опасности на патот што претстои, додека давателите на услуги можат да ги испорачаат овие податоци преку нивните сообраќајни услуги во живо на сообраќајните услуги управувани од националните надлежни органи за патишта.

 

Пилот-проектот, преку граници и трговски марки на реципрочна основа, има сеопфатна цел да ја подобри безбедноста во сообраќајот за сите. Европската работна група за податоци е основана во 2017 година токму за таа цел: да се направи возењето побезбедно за сите корисници на патишта преку приоретизирање на општествената над монетарната добивка.

 

Volvo Cars повикува на отворено и реципрочно споделување на анонимизирани безбедносни податоци веќе неколку години. Во 2017 година, нејзиниот претседател и извршен директор Хакан Самуелсон на конференција во Европската комисија во Брисел изјави дека размената на податоци помеѓу владите и произведувачите на автомобили е вистинската работа да се прави.

 

 

„Сметаме дека овој вид анонимизирана размена на податоци треба да се прави бесплатно, за поголемо добро и за пошироката корист на општеството. Заштедува животи, време и пари на даночните обврзници“, рече тогаш господин Самуелсон. „Ги повикувам другите производители на автомобили и владите да соработуваат со нас во остварувањето на овој тип споделување податоци колку што е можно пошироко“.

 

Volvo cars системите за предупредување им овозможуваат на нивните автомобили да комуницираат едни со други и да ги предупредат возачите за околните лизгави услови на патот и за опасностите преку облак-базирана мрежа. Двете функции за првпат беа претставени во 2016 година и се достапни на сите нови модели на Volvo низ цела Европа.

 

Споделувањето сообраќајни податоци во реално време може да обезбеди силен поттик за целокупната безбедност во сообраќајот и да стане повлијателно, колку повеќе автомобили се поврзани. Од минатата година, Volvo Cars и Volvo Trucks споделуваат податоци за предупредување на возачите за опасностите во близина во Шведска и во Норвешка.

 

„Колку повеќе возила споделуваат безбедносни податоци во реално време, побезбедни нашите патишта стануваат“, рече Малин Екхолм, шеф на Центарот за безбедност на Volvo Cars. „Затоа Европската работна група за податоци е толку важна иницијатива. Се надеваме дека ќе донесеме уште повеќе партнери кои ја делат нашата заложба за безбедност“.

 

 

-------------------------------

 Volvo Car Group во 2018 година

Во финансиската 2018 година, Volvo Car Group оствари оперативен профит од 14,185 MSEK (14,061 MSEK in 2017). Приходите во текот на овој период изнесуваат 252,653 MSEK (208,646 MSEK). За целата 2018 година, глобалната продажба достигна рекордни 642.253 (571.577) автомобили, што претставува зголемување од 12,4 проценти наспроти 2017 година. Резултатите ја нагласуваат сеопфатната трансформација на финансиите и работењето на Volvo Cars во последните години, позиционирајќи ја компанијата за следната фаза на раст.

 

 

За Volvo Car Group

Volvo дејствува од 1927 година. Денес, Volvo Cars е еден од најпознатите и најпочитувани брендови во светот, со продажба на 642.253 автомобили во 2018 година во околу 100 земји. Volvo Cars е во сопственост на Zhejiang Geely Holding (Geely Holding) од Кина од 2010 година. Беше дел од шведската групација Volvo до 1999 година, кога компанијата беше купена од Ford Motor Company од САД. Во 2010 година, Volvo Cars беше купена од Geely Holding.

 

Во 2018 година, Volvo Cars имаше во просек околу 43.000 (39.500) вработени со полно работно време. Дирекцијата на Volvo Cars, одделот за развој, маркетинг и администрација воглавно се наоѓаат во Гетеборг, Шведска. Дирекцијата на Volvo Cars за Кина се наоѓа во Шангај. Главните фабрики за производство на автомобили се наоѓаат во Гетеборг (Шведска), Гент (Белгија), Јужна Каролина (САД), Ченгду и Даќин (Кина), додека моторите се произведуваат во Шкоде (Шведска) и Жангџаку (Кина) и компонентите во Олофстрём (Шведска).